Следниот натпревар на Барселона е во ЛаЛига Сантандер против Алавес, кој се игра утре од 21 часот.

На прес-конференцијата, Куман беше запрашан за Нејмар и ПСЖ, но инсистираше на тоа дека натпреварот во сабота има приоритет.

„Нејмар не е играч на Алавес, затоа прашањето е за понеделник, а не за денес“, рече тој во одговор на прашањето за Бразилецот.

„Не се сомневам дека моите играчи се насочени кон Алавес. Овој натпревар е поважен од оној на ПСЖ. Ќе одиме натпревар по натпревар “, изјави селекторот на Холандија.

Барселона се соочува со ПСЖ во вторник од 21:00 часот во првото коло од 1/8 финалето во Лигата на шампионите.

loading…