Миралем Пјаниќ поради повреда не беше во комбинација за неговиот дуел во Барселона против Севиља во средата, а сега се врати на тренинзите.
Тој вчера тренираше со соиграчите, а тренерот Роналд Куман ќе одлучи дали ќе биде во комбинација за Алавес.
Куман објави дека таа одлука ќе ја донесе со денови и дека нема да ризикува.
„Пјаниќ, Дест и Брајтвајт тренираа, ќе видиме“, рече Куман.
Пјаниќ имаше проблеми со стапалото, а оваа сезона забележа 14 настапи во шампионатот.
Тој беше стартер само пет пати, а шансата најмногу ја добиваше од клупата.
Тој не се прослави, па дури има и шпекулации дека би можел да ги напушти Каталонците на лето, но прашање е колку е реално да се очекува тоа.
Барселона Алавес ја пречекува вечерва со почеток во 21 часот.
loading…