Антоан Гризман ја напушти Барселона на крајот од летниот преоден рок и се врати во Атлетико Мадрид.

Трансферот беше завршен практично во „пет до 12“, а Барселона мораше да најде замена за Французинот на самиот крај од преодниот рок. Лук де Јонг од Севиља на крајот беше донесен.

“Помина скоро целиот последен ден од преодниот рок и едвај имавме време да го најдеме наследникот на Гризман. Беше срање, но знаев дека неговото заминување ќе ја подобри финансиската состојба на клубот и затоа се согласив на трансферот”, изјави Роналд Куман во интервју за каталонски спорт.

Францускиот репрезентативец е позајмен една година со можност за продолжување на уште една сезона. Актуелниот шампион на Шпанија ќе мора да го купи Гризман доколку игра на најмалку 50 проценти од натпреварите во сезоната.

Холанѓанецот исто така не криеше дека загубата на Лео Меси е многу болна.

“Заминувањето на Лео е многу голем удар, сите наши планови за сезоната беа врзани за него. Меси беше многу мотивиран и добро подготвен за сезоната. Неговата загуба боли многу, дефинитивно ќе има влијание врз нашата игра. Ние не само што го загубивме Лео, но и симбол на целиот клуб“, додаде Куман.

Роналд Куман го гледа заминувањето на Меси и Гризман како одлична можност за младите фудбалери како Јусуф Демир и Гави.

“Мислам дека Барса сега може да им даде шанса на младите играчи. Се надевам дека во овие три, четири или пет години се уште ќе можам да бидам нивни тренер. За среќа, Жоан Лапорта се консултираше од сите страни, но доколку клубот се сомнева во тренерот, ќе биде тешко да се изгради нешто големо“, заврши Холанѓанецот.