Најчест проблем при приготвувањето палачинки е тестото да нема грутчиња, а за таа цел брашното треба да го додадете во неколку наврати, со постојано мешање. Дури и да го матите тестото со миксер, ако сè ставите одеднаш, грутки пак ќе се направат.

За да не биде тестото премногу густо, разредете го со вода, а уште подобро ако е минерална вода. Секако треба да избегнувате свежо млеко за разредување на тестото. Не претерувајте со шеќерот, бидејќи при пржење, палачинките можат да се лепат на тавата. Подобро тој шеќер да го искористите за фил.

За пржење на палачинките најдобро е ако користите специјална тава, која е за тоа наменета. Во случај да ја немате, добра замена е тефлонско или некое друго квалитетно тавче. Пред да ја загреете тавата, посипете ја со една лажица сол, па премачкајте ја со масло. Тоа ќе спречи да се лепат палачинките. Откако ќе го премачкате тавчето, со масло со црпалка ставете од смесата и вртете го кружно тавчето за да се распореди секаде и да добиете кружна палачинка.

Вратете ја тавата на рингла и пржете половина минута или минута, во зависност од јачината на шпоретот. Ќе забележите кога ќе почнат да се одвојува палачинката од тавчето. Потоа со помош на лопатка превртете ја и пржете ја уште неколку секунди.