Свежо набраните печурки треба веднаш да се исчистат и да се зготват за да можете целосно да уживате во нивниот совршен вкус.

Какви и да подготвувате, запомнете дека тие содржат многу вода и белковини, и лесно се расипуваат, затоа побрзо згответе ги.

Друго што треба да знаете за да ги подготвите правилно:

– При готвење важно е ринглата или рерната да се загреани на висока температура и да ги готвите додека добијат кафеава боја.

– Можете да ги исечете на какви сакате облици, само користете остар нож. Малите печурки можете да ги оставите цели.

– Печурките најдобро се динстаат на путер или на маслиново масло. Кога се подложни на висока температура, тие ја испуштаат водата во нив. Гответе додека испари целата течност и печурките омекнат. Во оваа фаза може да додадете неколку лажици црвено вино, а кога ќе се преполови течноста, посипете со магдонос, ситно сечкани шпаргли или рузмарин, сол и црн пипер.

– Ако ги додавате во друго јадење, секогаш прво издинстајте ги, па ставете ги при крај на готвењето.

– Кога ги готвите во тава, не ја преполнувајте, така ќе ја намалите температурата на готвење.

– Дршките исто така се вкусни, освен од шитаке и портобело печурки, кај кои дршките се многу жилави и треба да се отстранат.

– Во микробранова печка можете да ги готвите две-три минути.

– Големите печурки се идеални за скара, само малку посипете ги со масло, сол и црн пипер.