Празникот Велигден, кој во христијанството се поврзува со воскреснувањето на Исус Христос и поради тоа се празнува, задолжително е одбележан со богати трпези. Подготовката започнува во седмицата пред Велигден, а се прославува шест дена.

Богатата велигденска трпеза е карактеристична за сечиј христијански дом, само што разликата е во кулинарските традиции и јадења што се приготвуваат. Кај нас за Велигден задолжителна е зелената салата, која го симболизира доаѓањето на пролетта, шарените јајца, велигденските слатки погачи, како и печено јагнешко. Но, како е во другите држави низ светот?

Англија

unsplash

Традиционални се велигденскислатки погачки со крст, кои се прават со суво грозје, а ова е стара британска традиција, која се појавила во времето на крстоносците. Ова традиционално англиско велигденско печиво е основно за закуска, но се послужува и во времето за чај, заедно со ароматични сушени плодови.

Русија

unsplash

Во оваа држава задолжително за Велигден е подготовката на куличe – руски сладок леб, кој е сличен со милибродот, само со таа разлика што се пече во високи садови и има висока цилиндрична форма. Се декорира по избор со преливии чоколадни декорации.

Грција

pexels

Празнувањето на Велигден во Грција е нешто што се смета за институција. Во црквите се служат литургии, наполноќ во сабота се означува воскреснувањето на Исус Христос. Се палат големи огнови. Во недела се празнува дома, созадолжително собирање нацелото семејство, а натрпезата има печено јагне, со кое се сервира кукурек и други слаткии солени деликатеси.

Италија

Кај Италијанците велигденската трпеза е богато украсена со традиционални италијански слатки со плодови, јатки и се служи слатко вино. Во Милано се пече велигденска коломба, сладок леб што е висок и цилиндричен, полеан со глазура од бел шеќер и украсен со бадеми. Овој десерт се прави од најубавото брашно, со квасец, јајца, путер и шеќер. Глазурата најчесто се прави во форма на бел гулаб, а го симболизира Светиот дух. Се подаруваат чоколадни јајца полни со слатки изненадувања и завиткани во украсна хартија. Исто така, најчесто се служи торта рустика заедно со пијалак вермут.

Франција

Основно јадење е печено јагнешко, но често се служи и срнечко или свинско месо. Полнето е со смеса од црн дроб, сланина и свежи билки. Во некои делови од Франција се подготвува цело јагне, кое се полни со смеса од мелено месо, сварени жолчки, кубети, зелени зачини, индиско оревче, ѓумбир, цимет и црн пипер. Се сервира со сос од тартуфи. На крај се послужува лионски десерт, кој се прави од домашно путер-тесто со цимет и слатко. Некаде се прават и корзикански кошнички, полни со шеќерни јајца.

Шпанија

unsplash

Шпанците го одбележуваат празникот со многу религиозни обреди, во кои учесниците се облекуваат во посебни облеки што асоцираат на инквизицијата. Големи фигури од Исус Христос се носат низ градовите и селата. Што се однесува до јадењето, се подготвува торихас – резанки леб се топат во смеса од јајца и млеко, се пржат и се поливаат со мед. Исто така се прават специјални чоколадни скулптури.