Нападот на Русија врз градинка и сиропиталиште е воено злосторство и кршење на Римскиот статут, напиша на Твитер шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба.
„Овие и другите податоци се собрани во Државното обвинителство и веднаш ќе бидат испратени во Хаг. Одговорноста е неизбежна“, напиша Кулеба.