Куба вчера ги обвини САД за обид за насилно соборување на венецуелската влада, нарекувајќи го зголеменото присуство на американските воени сили во областа „прекумерна и агресивна“ закана.

Соборувањето на владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро од страна на САД би било исклучително опасно и неодговорно и би претставувало кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации, изјави кубанскиот министер за надворешни работи Бруно Родригез во соопштението.

Ројтерс во саботата објави дека САД се подготвени да започнат нова фаза на операции поврзани со Венецуела во наредните денови, повикувајќи се на четворица американски претставници.

фото: принтскрин

Текстот Куба: САД се обидуваат насилно да ја соборат владата на Венецуела е превземен од МАКФАКС.