Куба стана првата земја во светот што вакцинирала деца на возраст од две години и постари со вакцина против Ковид-19, користејќи домашна вакцина која се уште не е одобрена од Светската здравствена организација.

Државата со 1,2 милиони жители има намера да ги вакцинира сите деца пред повторно отворање на училиштата, од кои повеќето се затворени од март 2020 година. Новата учебна година започна вчера, но часовите се одржуваат преку телевизиски програми, бидејќи повеќето кубански домаќинства немаат пристап до интернет.

По завршувањето на клиничките испитувања врз малолетници со вакцините „Абдал“ и „Соберанa“, Куба во петокот започна кампања за вакцинирање на деца на возраст од 12 години и постари.

Во централната провинција Сиенфуегос, вчера започна распределбата на вакцините за деца на возраст од 2 до 11 години.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.