КСЗД утврди вознемирување кон бугарскиот народ од страна на интернет порталот www.mkdenes.mk. Од Здружението „Дело“коментираат дека зад порталот неофицијално стои Петар Богојески, претседател на политичката партија “Македонски Концепт“.
„Изненадени сме од страна на КСЗД што утврдила дека во само еден текст е содржан говор на омраза, а во останати текстови како што се личните навреди и квалификации кон Христијан Пендиков, зборовите “татари“, “избугарени“, “платеници“, “избугарен хомосексуалец“ и слично, не претставуваат говор на омраза“, велат од „Дело“.
Здружението испраќа апел до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, истата работата да си ја врши стручно, непристрасно, недискриминаторски кон бугарскиот народ во РСМ, согласно Уставот на РСМ и позитивните законски прописи.
Подолу следат линкови кон спорните содржини објавени на порталот:
ИЗБУГАРЕНИТЕ сами го демолираа клубчето во Охрид, за да плачат
ИЗБУГАРЕНИОТ охриѓанец бил ПРЕВОСПИТАН согласно ЕУ стандарди за САМООДБРАНА
(Видео) ИЗБУГАРЕНОТО читало три дни и се разбудило като балгарче!