Во интервју за Сител, директорот на Македонскиот центар за меѓународна соработка, Александар Кржаловски, рече дека тоа го смета за задоцнета реакција на опозицијата, бидејќи времето за референдум и негласање на уставните измени е поминато, пренесува 360 степени.

Не гледам смисла во опстојувањето на опозицијата на блокрањето на уставните измени, бидејќи откако се ова се помина сега е бесмислено да се блокираат уставните измени. Досега Бугарите не блокираа, а сега самите себе се блокираме, вели Александар Кржаловски, аналитичар и директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Во интервју за Сител, Кржаловски рече дека тоа го смета за задоцнета реакција на опозицијата, бидејќи времето за референдум и негласање на уставните измени е поминато Тој го нагласи и фактот што ниту една партија нема против за внесување на други малцинства во Уставот, вклучително и Бугарите.

(Целиот напис прочитајте го на 360 степени.)