Истражување спроведено во руската Воена-медицинска академија „Киров“ покажало дека третманот на пациенти заболени од Ковид-19 со крвна плазма донирана од вакцинирани лица е поефикасна од третманот со плазма донирана од пациенти кои се опоравиле од корона инфекцијата.

Како што објави руското Министерство за одбрана, третманот на пациенти со крвна плазма на вакцинирани донатори во руските воени медицински институции почнало во ноември 2020 година.

Првата организација што го користеше овој метод беше Општата воена клиничка болница „Бурденко“. Воената медицинска академија „Киров“ во Санкт Петербург работи на проценка на ефективноста на употребата на плазмата од вакцинирани лица при лекување на вирусната инфекција. Истражувањата покажаа поголема активност на плазмата од вакцинираните донатори во неутрализацијата на вирусот отколку плазмата на оние кои се опоравиле од болеста – се вели во соопштението руското Министерство за одбрана.

Од Министерството додаваат за донатори се избрани луѓето со голем број антитела, што е околу 10 проценти од сите вакцинирани.

Како што објави ТАСС, повеќе од 100 литри плазма донирана од вакцинирани лица е складирана во 2020 година, а Министерството планира да складира годинава над 120 литри.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.