Два хеликоптера се подготвени да ги земат новинарите и да ги однесат на полигонот на Криволак за воената вежба. Криволак е еден од најголемите полигони во земјава. По 15 минути лет, стигнавме. На ова место ќе се одржи најголемата воена вежба во рамки на Дифендер Јуроп 2021. “Одлучен удар“ е името на вежбата каде заедно со армијата од земјава ќе бидат и војските на САД, Грција и Бугарија. Воените генерали на овие земји велат дека оваа заедничка вежба помага во развојот на војската од стратешка страна.
„Оваа вежба е силен пример за тоа дека Северна Македонија е подготвена да соработува заедно со САД и другите држави на НАТО и нивните војски, со што Северна Македонија веќе допринесува за Алијансата.“, вели Пит Ровел.
Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска рече дека освен вежбите, со ова се подобруваат условите и на полигонот Криволак каде заедно со американските инженери уредија некои делови од полигонот.
Од понеделник на овој голем терен ќе се одржи вежби со тешка воена машинерија.
„Ова е местото каде ќе се одржи најголемата воена вежба на Криволак. Овде ќе учествуваат 300 претставници на војската на САД, 20 од Грција и 20 од Бугарија“, јавува репортерот на ТВ21.
Од Армијата на Северна Македонија ќе учествуваат 1100 војници. Вежбите ќе започнат на 17 мај и ќе траат до 2 јуни.
Дифендер Јуроп 2021 ќе биде една од најсеопфатните вежби од Студената војна.
Воената вежба која ќе се одржи со учество на околу 31 илјада трупи од земјите од регионот, е дел од заедничкиот план за одбрана и безбедност на Западен Балкан и Црното море.