Двајцата силеџии кои на почетокот на ноември минатата година во автобус на ЈСП упатуваа смртни закани на останатите патници, ќе одговарат за кривично дело „насилство“, за кое е зпратена затворска казна од три месеци до пет години.
Единицата на знасилен криминал, поднесе кривични пријави до Основото јавно обвинителство, против Р.З. (31) и Х.И. (31) од Скопје, поради сомнеж за сторено кривично дело „насилство“.
„Имено, на 05.11.2020. година, околу 17:30 часот, во автобус на ЈСП бр. 7, на автобуската постојка „Рекорд“ во автобусот влегле двете лица, кои не носеле заштитни маски, поради што во автобусот за кратко време почнала расправија помеѓу првопријавениот Р.З. и другите патници, поради непочитување на марките за Ковид 19, пришто тој почнал агресивно да се однесува и да им се заканува. Потоа, второпријавениот Х.И. дошол до вратата од кабината на возачот на автобусот И.Б. 47 години и му упатувал закани“, стои во известувањето на МВР.
По извршената идентификација на лицата, двајцата насилници се лишени од слобода и со нив е извршен разговор во полициска станица, по што е изготвена соодветна кривична пријава.
Полицијата го раветли овој случај откако на социјални мрежи минатата недела беше објавено видео во кое се гледа како еден од пријавените упатува смртни закани на друг патник во автобусот.