Секторот за внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинтелство Битола, поднесе кривични пријави против З.Л.(67) од Битола, поранешен в.д. медицински директор на ЈЗУ Клиничка болница Битола, заради постоење на основи на сомнение дека пријавениот сторил две кривични дела по член 353 од КЗ на РСМ “Злоупотреба на службената положба и овластување“ и против лицето Ј.Ј.(63) од Битола, управител на правно лице од Битола и пторив правно лице од Битола заради постоење на основи на сомнение дека второ и трето пријавените превзеле дејствија опишани кривичното дело “Фалсификување исправа“ по член 378 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ.

Првопријавениот во својство на службено лице на 15.08.2018 година, потпишал Спогодба за деловна техничка соработка со ФК Пелистер АД Битола за давање на повратни парични средства, без претходна одлука на Управен орган, по што на сметката на ФК Пелистер биле префрлени средства во износ од 600.000 денари, оштетувајќи ја Клиничка болница Битола за наведениот износ.