ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Т.П.(23) од с.Баништа, дебарско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „бесправно градење“ и „пустошење шуми“. Пријавениот во 2021 година, на парцела во државна сопственост, лоцирана покрај брегот на Дебарско Езеро, исекол стебла од дрвја, без одобрение за градење изградил објект за домување од тврд материјал и притоа се стекнал со имотна корист во вредност од 268.820 денари.
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Р.И.(66) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „бесправно градење“ и „пустошење шуми“. Пријавениот, во 2021 година, на парцела во државна сопственост, лоцирана покрај брегот на Дебарско Езеро, исекол стебла од видот црн бор, без одобрение за градење изградил објект од тврд материјал и притоа се стекнал со материјална корист од 199.520 денари.