Полицијата поднесе кривични пријави против правно лице – угостителски објект од Пехчево и против С.П.(43) од Пехчево и против правно лице – угостителски објект од Берово и В.К.(32) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“.
Пријавениот С.П., сопственик и управител на правното лице од Пехчево, на катастарска парцела во Пехчево во државна соспственост, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект и вршел угостителска дејност.
Пријавениот В.К., сопственик и управител на правното лице од Берово, на катастарска парцела, сопственост на Т.К. и М.К., на земјоделско земјиште, надвор од урбанистички план за град Берово, бесправно изградил тврд објект во кој што е сместен угостителскиот објект во кој вршел угостителска дејност.
Текстот Кривични пријави против двајца угостители од Берово и Пехчево за бесправно градење е превземен од МАКФАКС.