ОВР Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Електродистрибуција“ ДООЕЛ Скопје и против неговиот вработен С.С. (47) од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Според пријавата, компанијата и вработениот не постапиле согласно прописите и техничките правила, ниту го одржувале во исправна состојба далеководот за селото Мал Папрадник во општина Центар Жупа.

Поради прекршување на мерките за заштита, на 30 август 2025 година на ниви во атарот на селото избувнал пожар, со што бил доведен во опасност животот и имотот на населението.