СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ш. (22) од скопското село Студеничани, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

На 1 јули годинава околу 13.45 часот во Штип, информираа денеска од МВР, од полициски службеници од Полициска станица Велес во патничкото возило „мерцедес“ во кое бил пријавениот, биле пронајдени осум мигранти од Бангладеш, а пријавениот бил лишен од слобода.