СВР Битола – ОВР Прилеп до прилепското Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лице од Прилеп поради постоење на основано сомневање дека предизвикал пожар во прилепското село Дабница, соопшти попладнево МВР.
– СВР Битола – ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп вчера поднесе кривична пријава против Е.М.(34) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Имено, на 06.08.2021 околу 06:15 часот во м.в. Дабница, прилепско, во близина на споменикот, тој бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека предизвикал пожар на местото Дабница, се наведува во соопштението од Министерството.