Двајца полициски службеници од Велес побарале поткуп од едно лице за да не го казнат поради сообраќаен прекршок.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до надлежното Обвинителство поднесе кривична против полициските службеници С.Д. и Х.С., вработени во СВР Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 од КЗ, информираат од МВР.

Имено, полициските службеници на 16 јуни  2023 за да не санкционираат сообраќаен прекршок побарале и примиле поткуп од едно лице во износ од 3.000 денари. Против полициските службеници ќе биде поведена и постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Тие ќе бидат суспендирани од работните места до завршување на дисциплинската постапка.