„Доколку сте љубител на пити, тогаш мора да го зачувате овој рецепт, брзо се спрема и е превкусна“
Потребни состојки:
- 1 пакување кори од хељда
- 1 сув квасец
- 1 лажичка шеќер
- 250 мл. млака вода
- 3 лажици брашно
- 100 мл. газирана вода
- 1 лажичка сол
- 50 мл. масло
- 400 грама рендано кравјо сирење
Подготовка:
Квасецот истурете го во млаката вода, додадете 1 лажичка шеќер и 1 лажичка брашно и оставете околу 10тина минути да се активира.
Во голем сад истурете ја газираната вода, солта, маслото и брашното. Измешајте и додајте го активираниот квасец.
Секоја кора премачкајте ја со смесата и на крајот од кората додајте сирење.
Измотајте ја како полжав и ставете ја на хартија за печење.
Продолжете ја постапката со секоја наредна кора. Треба да ви остане малку од смесата, па со неа испрскајте ја целата пита.
Печете околу 25 минути на 180 степени.
НА ЗДРАВЈЕ!
За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.