„Што велите за куглоф со многу спанаќ? Лесно за приготвување и идеално за ужина!“
Потребни состојки:
- 4 јајца
- 250 грама интегрално брашно
- 100 грама бело брашно
- 1 прашок за пециво
- 200 мл. јогурт
- 200 мл. млеко
- 200 грама рендено мешано сирење
- 400 грама спанаќ
Подготовка:
Јајцата изматете ги и постепено додајте го јогуртот и млекото.
Продолжете со мешање и додајте ги двата типа брашно и прашокот за пециво.
Кога ќе добиете хомогена смеса, додајте ги спанаќот (исецкајте го ситно) и сирењето.
Измешајте се заедно и ставете ја смесата во куглоф, кој претходно ќе го премачкате со масло.
Печете околу половина час на 180 степени.
Обидете се да одолеете на миризбата и почекајте да се излади околу десетина минути, па послужете.
НА ЗДРАВЈЕ!
За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.