Заврши уште едно европско првенство, првак е Италија, по втор пат во историјата. Најдобар стрелец е Кристијано Роналдо со пет голови, исто толку има и Патрик Шик, но Роналдо има и една асистенција. Следуваат со по четири голови Бензема, Форсберг и Кејн.
Најдобар асистент на ЕУРО 20202 е репрезентативецот на Швајцарија Стевен Зубер со четири, додека по три запишаа Лук Шо, Дани Олмо и Хојберг.
Со петте голови на ЕУРО 2020, Кристијано Роналдо стана и најдобар стрелец на европските првенства, со вкупно 14 голови. Роналдо со овој континентален собир стигна до 109 голови, со што се израмни со Иранецот Али Даји.