Криси Тајген на својот инстаграм-профил сподели видео од болница пред нејзина операција за ендометроза.
35-годишната ѕвезда која има 33,9 милиони следбеници на „Инстаграм“ со своите објави ги вознемири своите обожаватели.
Нејзиниот сопруг, пејачот Џон Леџенд сподели фотографија со нивните деца Мајлс и Луна, која веројатно била направена во чекалната во болницата.
„Добро утро“, напиша Џон во описот на фотографијата.
Во средата, Тајген смело прозборе за загубата на нејзиното трето дете, синот Џон и влијанието врз нејзиното тело, откривајќи дека сè уште чувствува „удари“ во стомакот, полни четири месеци по неговата смрт.
Криси призна дека не се чувствува добро, затоа што нејзиниот син Џек требаше да се роди оваа недела.
„Навистина чувствувам удари во стомакот, но тоа не е фантомско… Утре имам операција за ендометриоза… но периодов овој месец го чувствувам како бебешки удари“, напиша Криси.
Таа ги замоли своите обожаватели да споделат искуство за операција за ендометриоза.
„Може ли некој да ми го каже своето искуство по операцијата за ендометриоза? Дали брзо се опоравивте? Ќе можам ли да направам супа после тоа“, напиша Криси.
Ендометриоза е хронична состојба што се јавува кај дури 10 до 15% од жените, најчесто на возраст од 25 до 40 година и претставува клетки на ендометриум (внатрешниот слој на матката кој се исфрла со секоја менструација) во карличната и стомачната празнина.