Поранешната манекенка Криси Тајген е една од најискрените ѕвезди на денешницата, а многумина за неа ќе кажат и дека „нема влакна на јазикот“. Нејзината присутност на социјалните мрежи е од големо значење за нејзините бројни обожаватели кои уживаат во нејзините објави од приватниот живот.

Но, веројатно секоја приказна има крај. 35-годишната ѕвезда реши дека е време да се повлече од „Твитер“ каде изминативе години беше посветено активна коментирајќи ги сите општествени неправди.

Instagram
Instagram

Вие сте дел од мојот свет повеќе од десет години. Искрено, му должам многу на светот што го создадовме овде и навистина многумина од вас ве сметам за мои вистински пријатели“, се обрати Криси на својот твитер-профил велејќи дека е време за збогум.

Сопругата на пејачот Џон Леџенд, објасни дека оваа социјална мрежа повеќе ѝ нанела лошо, отколку добро во животот, па затоа, смета дека е вистинско време да се стави крај на таа етапа од нејзиниот живот.

Нејзината животна цел, вели Криси, е да ги направи луѓето среќни и тешко се справува со болката што ја чуствува кога не успева да го направи тоа.

Instagram
Instagram

Отсекогаш сум прикажувана како одмаздољубива кавгаџика, што едноставно не сум“, вели Тајген, објаснувајќи дека нејзината желба да им се допаѓа и стравот да не ги вознемири луѓето ја направиле сосема поинаква личност од онаа што била кога се приклучила на оваа социјална мрежа.

Секое добро во животот, твитерџии“, рече Тајген, додавајќи дека сите овие години се обидувала да ги охрабрува корисниците на социјалните мрежи да сфатат и никогаш да не заборават дека нивните зборови се важни.

Со текот на годините, направив многу грешки пред стотици и илјадници луѓе, но одговарав за секоја грешка. Тука научив многу работи. Единствено што не научив е како да ја блокирам негативноста. Пречувствителна сум, во ред е! Не сакам да бидам таква, но едноставно тоа сум јас“, напиша Тајген, порачувајќи им на корисниците на „Твитер“ дека ги сака, но и дека ги мрази.

Instagram
Instagram

Тајген неколкупати до сега јавно зборуваше за влијанието на социјалните мрежи врз нејзиниот приватен живот, а во понеделникот повторно го изрази незадоволството од приустноста на „Твитер“.

Навистина не се будам секој ден со обид да ве налутам, но некако успеав. Веројатно немам талент, претпоставувам дека е така“, напиша Тајген.

Нејзините обожаватели се загрижени дали Тајген ќе престане да ги користи и другите платформи, но засега, сепак е активна на „Инстаграм“.