Без целосно повлекување на Русија од териториите што ги окупираше во Украина, вклучително и Крим, нема да има одржлив мир, апелираа претседателот на Украина Володимир Зеленски, претседателот на чешкиот парламент Руслан Стефанчук и чешкиот премиер Петр Фијала на денешниот самит на Кримската платформа во Прага.

– Колку повеќе луѓе се со нас, толку побрзо ќе успееме да ставиме крај на руската агресија. Русија е предодредена да ја напушти територијата на Украина. За Украина е прифатлива само целосна „деокупација“ на нејзината територија. Сакам да ве замолам за едноставна работа. Не се откажувајте од вашите напори и борете се против руската пропаганда, рече Зеленски во онлајн обраќањето на учесниците на состанокот.

Стефанчук и Зеленски апелираа за продолжување на испораката на оружје за Украина. Пред состанокот, Стефанчук и претседателката на Домот на пратеници Маркета Пекарова Адамова, разговараа за можностите за конфискација и користење за помош на Украина на замрзнати руски средства во Чешка од неколку стотици милиони евра.

– Руската окупација на Крим е кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Не можеме да дозволиме некој со сила да земе туѓа територија. Украина нема да биде слободна додека не се врати на нејзините граници од 1991 година. Мојата решеност да и помогнам на Украина останува исто толку силна, рече Фијала.

Шефот на чешката дипломатија Јан Липавски предупреди дека е многу опасно да се шпекулира дека Западот може да се согласи со губење на Крим во замена за мир со Русија.

Самитот на Кримската платформа, на кој преку интернет учествуваат пратеници од 40 земји, освен сите членки на Европската унија и од Велика Британија и Канада, и претставници на САД, Австралија, Јапонија или Нов Зеланд, се одржува под жестоки кибер-напади и, како и веб-страницата на Кримската платформа, не работат ниту сајтовите на чешкото Министерство за внатрешни работи и полицијата.

Кримската платформа е формирана во летото 2021 година, уште пред руската агресија врз Украина, на иницијатива на претседателот на Украина Зеленски, а според неговите идеи, таа треба да служи како форум за консултации и координација на активностите со цел Русија и го врати анектираниот Крим на Украина во 2014 година.

Првиот самит на Кримската платформа се одржа минатата година во Хрватска, во Загреб.