Аферата Двојник е резултат на амнестирањето на афеарата за набавката на опремата за чување на отпечатоците на прсти на граѓаните, познат во јавноста како Афис систем, кој во 2013 година, МВР го набавил преку фалсификување на тендерска документација, тврди професорката Фросина Ременски, во интервју за порталот Zoom.mk.
Ременски објаснува дека во овој скаданл се вмешани девет лица од полицијата, кои во тоа време набавувале опрема за потребите МВР во име на Факултетот за безебдност и Македонската радио телевизија.
„Знаеме каде е еден АФИС, каде се уште две други за МРТ“, прашува Ременски и додава дека истрага нема ниту за аферата со 30 илјади лични карти во депото на МВР.
Таа објаснува дека обвинителката Гордана Смаќовска, раководелка на оддеделот за кривилни дела за кривилни дела за овластени службени лица, за два дена ја затварила истрага со констатацијаљ дека тие дела не се гонат по службена должност.
„Замислете, јавни набавки, фалсификување на тендерска документација, злоупотреба на буџетски средства, штетите што ги трпеле субјектите во овој период, тоа не се гонело по службена должност и јас добив информација од Јавното обвинителство дека како физичко лице, а не како претставник тогаш на службено лице кое пријавило кривично дело. Решението не е доставено во Државното правобранителство, ниту до факултетот за да се оствари правото на жалба, туку се доставува до физичко лице кое што нема право на жалба“, вели Ременски.
Во октомври 2020 година, Ременски побарала ревизија од Државниот јавен обвинител, но досега нема никаков одговор.
„Знам дека има две постапки во Советот на јавни обвинители за дотичната јавна обвинителка токму за оваа кривилна пријава и во Вишото јавно обвинителство има предмет за Гордана Смаќовска, а јас сум подносител и на кривична пријава токму за злоупотреба на службената положба и овластување на јавен обвинител во оваа постапка од декември 2020 година, што се работи во ОЈО“, потсетува прпфесорката.