Висент Крихмајер е победник на велеслаломската трка што се одржа денеска на патеката Кицбил во Австрија. Локалниот скијач стигна до победата со време од 1 минута, 12 секунди и 58 стотинки, оставајќи го зад себе Марио Одермат од Швајцарија, кој дојде до целта, со задоцнување од 12 стотинки. На третото место се најде Австриецот Матијас Мајер. По оваа трка скијачите се преселија во ски-центарот во Шладминг, исто така во Австрија, на седмата трка оваа сезона.

– Advertisement –

Прикажи повеќе