Кремљ изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе направи историја ако ја преземе контролата врз Гренланд, автономна данска територија, а специјалниот претставник на претседателот Владимир Путин, Кирил Дмитриев, го поздрави „распаѓањето на трансатлантската унија“.
„Постојат меѓународни експерти кои веруваат дека со решавање на прашањето за вклучување на Гренланд, Трамп сигурно ќе влезе во историјата. И не само во историјата на Соединетите Американски Држави, туку и во светската историја“, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Сергеј Марков, поранешен советник во Кремљ, рече дека Москва треба да му помогне на Трамп да ги оствари своите амбиции „бидејќи речиси сите непријатели на Трамп се и непријатели на Русија“, изјави тој за „Росијскаја газета“, официјалниот весник на руската влада.
Но, и покрај задоволството на Москва, потезите на Трамп би можеле да влијаат на нејзините амбиции во Арктикот, кој е богат со природни ресурси и кој Русија го смета за стратешки важен.
„А Русија може да има своја сфера на влијание само преку сила“, заклучи Марков.
Текстот Кремљ за Трамп: Преземањето на Гренланд би ја променило светската историја е превземен од МАКФАКС.























