Кремљ објави дека ниту еден руски претставник нема да отпатува во Турција за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој утре ќе биде во Анкара во обид да ги оживее мировните напори за ставање крај на конфликтот во Украина.
„Не, утре нема да има руски претставници во Турција“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Зеленски рече дека утре ќе отпатува во Турција за да се обиде да ги „оживее“ мировните преговори и да продолжи со размената на затвореници со Русија.
„Утре ќе одржам состаноци во Турција. Се подготвуваме да ги оживееме преговорите и развивме решенија што ќе им ги предложиме на нашите партнери“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Украинскиот претседател не прецизираше со кои функционери планира да се сретне.
Фото: принтскрин
Текстот Кремљ: Ниту еден руски претставник нема да биде во Турција за време на посетата на Зеленски е превземен од МАКФАКС.























