Витаминот Д, еден од витамините кои се растопливи во масти, познат е и под името сончев витамин, бидејќи нашето тело, токму благодарејќи на сонцето, преку кожата го синтетизира и произведува истиот. Во последно време стана многу пополуларен поради превенција од коронавирусот.
Постојат повеќе фактори кои што го намалуваат производството на витаминот Д и го зголемуваат ризикот за негов недостаток во организмот.
Возраст: при изложување на сонце во ист период од годината и со исто времетраење, постарите луѓе произведуваат 30 проценти помалку витамин Д.
Индекс на телесна маса: кај луѓето со зголемена телесна тежина, витаминот Д е „заробен“ во масното ткиво и потешко е достапен на телото за користење.
Користење на крема за заштита од сонце: фактор за заштита 15ка, го намалува производството на витаминот Д дури за 99 проценти.
Фототип: луѓето со потемна кожа произведуваат витамин Д двапати побавно од луѓето со посветла кожа.
Облека која штити од сонце: спречува производство на витамин Д.
Очила: очилата ги апсорбираат сите УВБ зраци, така што останувањето на дневна светлина зад стаклото не доведува до синтеза на витамин Д.
Болести на црниот дроб или бубрезите: тие спречуваат претворање на витаминот Д во активна форма.
Земање лекови кои го забрзуваат метаболизмот на активниот витамин Д, како што се антивирусни лекови, кортикостероиди и антиепилептици.