Рускиот претседател Владимир Путин е отворен за разговори за можно решение во Украина, но одбивањето на САД да ги признаат анектираните територии како руски го попречува барањето за каков било потенцијален компромис, соопшти во петокот Кремљ. Американскиот претседател Џо Бајден вчера рече дека е подготвен да разговара со Путин доколку шефот на Кремљ бара начин да стави крај на војната, но дека Путин сè уште не го посочил тоа.
„Претседателот на Руската Федерација отсекогаш бил, е и останува отворен за преговори со цел да ги обезбедиме нашите интереси“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков на прашањето за забелешките на Бајден.