Кремљ соопшти дека „нема информации“ дека неговите сили користат ирански беспилотни летала во Украина, откако Киев и Западот тврдат дека Москва го користела оружјето на Техеран за смртоносни напади.

Не, немаме информации за ова. Се користи руска технологија“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето дали Русија користи ирански беспилотни летала. Тој додаде дека за детали за тоа прашање медиумите треба да се обратат до Министерството за одбрана.