СОСТОЈКИ:

За пилешките крилца:

– 1,5 кг пилешки крилца
– 1 лажица масло
– 1 лажичка сол
– 1/2 лажичка црн пипер

За сосот:

– 100 г мармалад од портокал
– 60 мл соја сос
– 1 ½ лажичка сусамово масло
– 1 ½ лажичка маслиново масло
– 2 чешниња толчен лук
– 1 лажичка рендан свеж ѓумбир
– 2 ½ лажички сечкано црвено луто пиперче

ПOДГОТОВКА:

Измијте ги и исчистете ги крилцата, па оставете убаво да се исцедат од водата. Префрлете ги во голем сад, додајте ги зачинете, измешајте добро да се залепат состојките за крилцата, па потоа ставете ги плех покриен со хартија за печење. Ставете ги да се печат во рерна загреана на 200 степени, 45- 50 минути. Извадете ги готовите крилца и ставете ги во сад. Ставете ги двата вида масло во сад и на средна температура да се загреат. Додајте ги лукот и ѓумбирот, па мешајте околу 3 минути да се пржат на тивко. Додајте ја сечканата пиперка и мармаладот, промешајте, па додајте го соја сосот. Гответе на средна температура со повремено мешање, околу 5 минути. Прелејте ги крилцата со сосот, промешајте малку и послужете веднаш.