Иако сè одеше во прилог на теоријата дека нарушените семејни односи во кралското семејство по смртта на принцот Филип, конечно ќе се поправат, се чини дека ништо од ова нема да се случи…

Овој пат за дополнителниот раздор на британското кралско семејство, имено најголем виновник е принцот Хари, кој како гостин на подкастот на актерот Дакс Шепард, повторно ја шокираше светската јавност со своите изјави.

Без многу размислување, по враќањето од Лондон, од погребот на неговиот дедо, принцот Филип, принцот Хари ја прифати поканата на актерот и комичар Дакс Шепард да гостува во неговиот популарен подкаст „Armchair Expert“.

Принцот Хари повторно шокираше: Сакав да го напуштам кралското семејство кога имав 20-тина години, поради она што ѝ се случи на мајка ми

Принцот Хари откри дека за време на неговиот живот во Бакингемската палата се чувствувал како животно во кафез во зоолошката градина истакнувајќи дека сакал да го напушти кралското семејство уште кога имал 20-тина години, поради тоа што ѝ се случило на неговата мајка.

Секако, изминативе денови сите очи се вперени во Бакингемската палата. Иако засега нема официјален одговор, странските медиуми пишуваат за реакцијата на извори блиски до кралското семејство.

Profimedia
Profimedia

Се чини дека градат живот и нови кариери зборувајќи исклучиво за минатото, а тоа воопшто не помага“, потврдил извор од Бакингемската палата за „Daily Mail“, додавајќи дека „се чини дека сите се виновни освен нив“, алудирајќи на принцот Хари и Меган Маркл кои не престануваат да го обвинуваат кралското семејство.

Profimedia
Profimedia

На принцот Чарлс сигурно не му се допаднало последното појавување на неговиот син во јавноста, имајќи предвид дека Хари буквално го навреди за неговите методи на воспитување, индиректно обвинувајќи го за своето ментално здравје.

Новите обвинувања дојдоа два месеци по бомбастичното интервју на Меган Маркл и принцот Хари со Опра Винфри, во кое, меѓу другото, тие го обвинија кралското семејство дека се однесува расистички кон нивниот тогаш сè уште нероден син Арчи.