Ги дознавме двојките од осминафиналето во Кралскиот куп, Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативец голман Столе Димитриевски ќе има силен предизвик.
Рајо за ривал го доби можеби најголемиот кандидат за трофејот, Барселона, тие ќе се соочат на 27 јануари во Мадрид.
Еден ден порано Леванте на нашиот играч Енис Барди во оваа фаза од натпреварувањето на гостински терен ќе ги одмери силите со Ваљадолид.
Алкојано кој приреди сензација елиминирајќи го Реал Мадрид, ќе се обиде да направи ново изненадување против Атлетик Билбао.
Во продолжение можете да ги погледнете сите парови во осминафиналето на „Копа дел Реј“:
26 јануари Ваљадолид-Леванте
26 јануари Жирона-Виљареал
26 јануари Реал Бетис-Реал Сосиедад
27 јануари Севиља-Валенсија
27 јануари Алмерија-Осасуна
27 јануари Рајо Ваљекано-Барселона
28 јануари Навалкарнеро-Гранада
28 јануари Алкојано-Атлетик Билбао