Како што откриваат добро информирани извори, Кејт Мидлтон била повредена по интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл со легендарната водителка Опра Винфри, а особено ја повредил делот што се однесувал на неа.

epa-efe
EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Наводно, интервјуто кое ја раздрма светската јавност, во кое Хари и Меган Маркл изнесоа низа шокантни детали за нивното дистанцирање од британското кралско семејство, ја повредило сопругата на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон, а најмногу тврдењата на нејзината снаа дека ја расплакала пред венчавката.

Profimedia
Profimedia

Според извори од палатата, војвотката од Кембриџ се чувствувала крајно лошо поради овие изјави.

Кејт многу внимава како се однесува кон луѓето. Никогаш не сум ја слушнала да се расправа со некого во палатата. Навистина внимава на односите со другите. Никогаш не сакала несогласувањата меѓу неа и Меган да се појават во јавноста, а има и неколку верзии на приказната за тоа кој кого распракал пред венчавката. Работата е во тоа што Кејт Мидлтон не е во позиција да одговори и да ѝ се одмаздува на Меган“, откри кралскиот експерт Кејт Никол.

epa-efe
EPA-EFE/Stephen Lock

Кејт е крајно дискретна и ја почитува приватноста, затоа оваа ситуација и приказните што кружат изминатиов период се исклучително тешки за неа. Кејт сметаше дека тие две веќе ги решиле овие работи, па повторното разгорување на приказната навистија ја повреди“, заклучи Никол.

Profimedia
Profimedia

Да потсетиме, Меган Маркл во разговорот со Винфри кој го следеа милиони луѓе ширум светот, тврдеше дека всушност Кејт Мидлтон ја расплакала пред големата кралска венчавка на 19 мај 2019 година, а не обратно. Двете војвотки се „закачиле“ околу фустаните на девојчињата кои носеле цвеќе, но исто така кажа дека тие го надминале тоа и дека Кејт потоа ѝ се извинила.