Во тек на истрагата на финансиски скандал поранешниот шпански крал Хуан Карлос уште во август минатата година ја напушти Шпанија и започна нов живот далеку од својата дотогашна престолнина, заменувајќи ја со Абу Даби, каде и понатаму ужива во луксузен живот.

Токму како што е навикнат на животот кој со години го живееше додека беше на шпанскиот престол, 83-годишниот крал Хуан Карлос по бегството од родната Шпанија започна нов живот во Абу Даби, и иако побегна „преку ноќ“, сè било детално испланирано и договорено. Тој во прогонството и понатаму ужива живеејќи во луксузна вила чија наемина чини неверојатно 25 илјади евра од вечер.
Хуан Карлос таму се сместил уште во летото 2020 година кога избега од Шпанија во тек на големиот финансиски скандал во кој е вплеткан. Но, сето тоа за него е далечно минато, исто како и долгогодишната сопруга кралицата Софија, која остана да живее во Шпанија.


Корупцискиот скандал не му наштети воопшто на прогонетиот крал, всушност тој од него извлече и голема корист, а сега е откриено дека ужива во луксузна вила која се протега на повеќе илјади метри квадратни. Истата има шест спални соби, седум бањи, широк дневен престој од кој се излегува на импозантна тераса со неверојатен поглед и „бесконечен“ базен, има и пристап на приватна плажа, се само дел од она во кое може да ужива 83-годишниот Хан Карлос. Вилата е сместена на островот Нураи и е едено од 11 луксузни приватни зданија, чија вредност е околу 11 милиони евра, а во кои преспивање чини меѓу 25-30 илјади евра.

Во 2019 година тој беше подложен на операција на срце, а неодамна се појавија и фотографии на кои поранешниот крал се движи со помош на двајца телохранители, но сето тоа тој го негираше и изјави дека е во одлично здравје и секој ден поминува по два часа спортувајќи.

Инаку шпанските медиуми минатото лето објавија сведочења од истрагата во Швајцарија, со која е потврдено дека поранешниот саудиски крал Абдула на поранешниот шпански крал Хуан Карлос наводно му дал околу 65 милиони евра.
Хуан Карлос според наводите голем дел од тие пари му ги префрлил на поранешен пријател, што истражителите на оваа финансиска афера го толкуваат како обид за криење на спорна трансакција.