Златан Ибрахимовиќ е без влакна на јазикот, а сличен е и Леброн Џејмс. Најдобриот кошаркар на денешницата во својот одговр рече дека Ибра многу брзо заборава дека истото го правел во 2018-та година.
-Навистина е смешно такви зборови да стигнат од него, бидејќи во 2018-та година во Шведска го правел истото. Зарем не беше тој кој што зборуваше дека на теренот чувствува одреден вид на расизам, само поради тоа што неговото презиме е поразлично од другите, вели Леброн.
Леброн со ова ги коментираше критиките на Ибра во шведските медиуми бидејќи не го бранеле доволно затоа што нема типично шведско презиме.
Инаку, Ибрахимовиќ преднеколку дена изјави дека Леброн не би требало да се плетка во политика, а секако ова е одговорот на НБА ѕвездата.