Британската кралица Елизабета Втора вечерва приреди прием за лидерите на Групата седум најразвиени индустриски земји во светот, кој се одржува во Англија.
Кралицата (95) пристигна на приемот во друштво на својот син Чарлс и неговата сопруга Камила, а на собирот присуствуваат и принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт.
Приемот за светските лидери е прв поголем јавен настан на кој присуствува кралицата Елизабета Втора по смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип во април.
Таа на приемот првпат се сретна со американскиот претседател Џо Бајден, кој е инаку 13-от претседател на САД кој го запознала во текот на своето речиси 70-годишно владеење на британскиот трон.