За време на сите овие години, британската кралица Елизабета посети голем број земји, каде имаше можност да ужива во бројни менија, а освен тоа може да се пофали и со личен готвач.
Елизабета Втора (95) пробала разни светски специјалитети, но никогаш не открила што всушност сака да јаде најмногу.
Како што пренесува „Mirror“, за тоа постои една многу добра причина.
Имено, извор од кралската палата откри дека кралицата не им кажува на другите која е нејзината омилена храна, затоа што сите ќе и го нудат истото јадење на сите патувањата.
Новинарот Гордон Рајнер, кој ја придружуваше на 20 кралски турнеи, вели дека тоа го дознал во разговор со вработените во кралското семејство.
„Ако таа кажеше што сака да јаде најмногу, тие само тоа ќе и го подготвуваа“, изјави тој.
Сепак, иако повеќето нејзини желби се чуваат во тајност, постојат неколку јадења за кои е познато дека особено ги сака, а едно од нив е чоколадната бисквит торта.
„Тоа е единствената торта што се прави цело време, ја има речиси секој ден и се троши до последното парче. Кралицата зема мало парче секој ден, дури и кога останува најмалото парче, мора да и го испратите“, рече тој.
Елизабета Втора ја сака оваа торта толку многу што дури и кога патува некаде, и пакуваат од неа за да ја има „за по пат“.