Ќерката на контроверзниот принц Ендру и внуката на британската кралица Елизабета Втора, принцезата Беатрис од Јорк и нејзиниот сопруг, Италијанецот Едоардо Мапели Моци, ќе станат родители.

– Нејзиното височество принцезата Беатрис и г-дин Едоардо со задоволство објавуваат дека ќе имаат дете на есен.

Кралицата била информирана за тоа и двете семејства се пресреќни – се наведува на официјалната веб-страница на кралското семејство.

За потсетување, принцезата Беатрис се омажи во тајност ова лето, а наместо скапа венчаница, се одлучи за винтиџ фустан што го носеше нејзината баба, кралицата Елизабета Втора во 1962 година на премиерата на филмот Лоренс од Арабија во Лондон.