Британската кралица Елизабета Втора бара лице кое ќе го води нејзиниот профил на Инстаграм за плата од 27.000 фунти годишно со поволности, се наведува во огласот објавен на веб-страницата на Кралството.
Во огласот се наведува дека кандидатот ќе управува со налозите на Бакингемската палата на социјалните мрежи и потребно е да се има „талент за креативност” и „око за дизајн”, пренесува лондонски „Сан”.
„Нема да имате два исти дена. Ќе имате можност да напредувате во вашата кариера и да оставите свој белег во срцето на оваа позната институција”, се наведува во огласот. Конкурсот е отворен до 7 февруари.