Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.

Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.

Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Текстот Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи е превземен од МАКФАКС.