Денеска, во полицијата од Јавното претпријатие „Градски паркинг Скопје“ било пријавено дека во раните утрински часови две лица со употреба на сила отворале паркомати на повеќе локации во градот.
Според пријавата, биле обиени паркомати во катната гаража „Разловечко востание“, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, на булеварот „Кочо Рацин“ и во Градскиот трговски центар, при што биле одземени пари.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите.
Текстот Крадци отворале паркомати на повеќе локации во Скопје е превземен од МАКФАКС.