Крадци се обиделе да украдат бакарна цевка од боца за кислород што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип, јавува Скопјеинфо.

Според надлежните од болницата, најверојатно крадците се исплашиле од шуштењето на воздухот и побегнале. Снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.