Со намалување на бројот на заразени лица, ограничувачките мерки се олеснуваат.
Министерот за економија, Крешник Бектеши кој синоќа беше гостин во емисијата Клик Плус на ТВ21, повтори дека на крајот на месецот се очекува да се отворат рестораните кои организираат свадби.
Тој исто така нагласи дека дури и ако се отворат рестораните, ќе има протоколи кои ќе бидат подготвени од експерти.
„И свадбените ресторани и рестораните кои организираат разни прослави, некаде кон крајот на овој месец или на почеток на следниот, ќе можат да почнат со работа. Сигурно тоа ќе биде според протоколите кои ќе ги подготват експертите од областа и зависно од епидемиолошката состојба, а во Северна Македонија бројот на заразени се намалува“, истакна Крешник Бектеши.