Иако фановите очекуваа голема и гламурозна свадба по завршувањето на пандемијата, Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја раскинале свршувачката, пренесува „Page Six“.
Веста доаѓа едвај еден месец откако Џеј Ло и Родригез уживаа на одморот што го поминаа во Доминиканската Република, каде што Џенифер го снима својот најнов филм „Shotgun Wedding “.
„Page Six“ пишува дека извор од Мајами близок до пејачката дознале дека врската била некое време на „разнишана земја“ и наводно раскинале. Досега тие веќе неколку пати ја одложија венчавката.
„Алекс во моментов е во Мајами, се подготвува и тренира за новата сезона, додека Џенифер работи на филмот“, вели истиот извор.
Џеј Ло и Алекс ја објавија свршувачката во 2019 година, по две години врска, но тие ја одложуваа венчавката неколупати поради пандемија.
Наводно, како што пишува „Page Six“, пресудни биле преписките и видео повиците на Родригез со Медисон ЛеКрој, ѕвездата на реалното шоу „Southern Charm“.
Славниот пар сè уште ги нема потврдено гласините, но многу релевантни странски медиуми дознаа од блиски извори дека веќе не се заедно.