Даниела Мартиновиќ и Петар Грашо ја прекинаа долгогодишната љубовна врска, пишува хрватското „Story“.

Парот веќе некое време наводно не живее заедно, а веста за крајот не сакаа да ја коментираат. Тие заедно поминаа цели 24 години.

Даниела пред нешто помалку од два месеци на Грашо му упати емотивна честитка за роденден „Нека ти биде се најсино…нека ти биде се море. Среќен роденден“, напиша таа под заедничката фотографија која се уште може да се пронајде на нејзиниот Инстаграм профил.

Пред неколку дена Даниела ја објави песната под назив „Непобедлива љубов“. „Љубовта не се откажува… Непобедлива е!“, напиша таа покрај кадрите од спотот кои ги сподели на својот Инстаграм профил.

Тие се запознале во 1995 година, а две години подоцна ја започнале својата љубовна врска.

Парот ретко можеше да се види заедно во јавноста, а повеќе пати двајцата нагласуваа дека на нивната врска не и е потребен брак за да останат еден покрај друг.